Во текот на ноќта Русија изврши напад на територијата на Украина со 11 беспилотни летала камикази од типот Шахед и пет проектили, соопшти украинската армија.
Како што е наведено, украинските сили и средствата за противвоздушна одбрана уништија крстаречка ракета „Искандер-К“ и 10 беспилотни летала.
„Руските окупатори извршија нов напад врз Украина, користејќи 4 противвоздушни ракети С-300, крстосувачка ракета Искандер-К и 11 беспилотни летала Шахед-136/131“, објави на Фејсбук Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува Униан.
Според соопштението, во рускиот напад е оштетена Централната градска болница во градот Селидово во Доњецката област, како и зградата на рудникот Котљаровскаја.