Телата на четворица италијански војници, загинати во близина на Брчко, се пренесени во Италија


eufor-bih-nesrekja.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во понеделникот, од Меѓународниот аеродром во Тузла, во Италија беа пренесени телата на четворица италијански војници кои загинаа во хеликоптерска несреќа минатата недела во Босна и Херцеговина, каде што служеа како дел од мировната мисија ЕУФОР.


На испраќањето присуствуваа и семејствата на загинатите.
Припадници на ЕУФОР и претставници на институциите на Босна и Херцеговина им оддадоа последна почит на своите колеги. Присутни беа и членови на семејствата на загинатите италијански војници. Меѓу жртвите во хеликоптерската несреќа се офицерите на италијанската армија Симоне Руџи и Клаудио Маркези, како и Франко Адријано Зекило и Лаура Прокачи, припадници на Доброволниот воен корпус на Италијанскиот црвен крст.

„За заедницата на ЕУФОР, нивното заминување од БиХ е момент на длабока тага“, изјави генерал-мајор Маурицио Фронда, командант на операцијата „ЕУФОР Алтеа“, за време на церемонијата на испраќање.

Уште 11 лица се повредени во хеликоптерската несреќа.
Четворица патници загинаа, а 11 други се повредени кога италијански воен хеликоптер од типот „CH-47 Чинук“ се урна во близина на селото Горице, недалеку од Брчко. Во моментот на несреќата, во леталото се наоѓале вкупно 15 лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK