Тајландскиот Устевн суд му го укина пратеничкиот мандат на кандидатот за премиер

PITA LIMJAROENRAT
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставниот суд на Тајланд одлучи да му го укине пратеничкиот мандат на Пита Лимјароенрат, лидер на централно-левичарската партија „Продолжуваме напред“ која победи на парламентарните избори.

Изборната комисија на Тајланд претходно ги истражуваше наводите против Лимјароенрат дека тој поседува акции во Ај-Ти-Ви за време на парламентарните избори и го предаде случајот до Уставниот суд. Основниот закон на кралството им забранува на сопствениците на медиумски компании да учествуваат во изборниот процес. „Уставниот суд одлучи да го суспендира обвинетиот од вршење на службената должност до донесување на пресудата“, се вели во мислењето на законодавниот орган.


Доколку биде прогласен за виновен, на лидерот на партијата „Продолжуваме напред“ му се заканува казна затвор до 10 години и 20-годишна забрана за политичка активност. Тој беше единствениот кандидат за шеф на владата на Тајланд. Сепак, Лимјароенрат не успеа да добие доволно поддршка – 376 гласа во дводомното Национално собрание со 750 места – за да го заземе премиерското место, на парламентарната седница на 13 јули. Го поддржаа 324 пратеници, 182 беа против, а 199 воздржани.

Претставничкиот дом и Сенатот на Националното собрание на Тајланд денеска почнаа заедничка седница на која по вторпат се разгледува кандидатурата на лидерот на Партијата „Продолжуваме напред“. Пратениците за време на поднесувањето на одлуката на Уставниот суд расправаа за законитоста на неговото повторно номинирање.

„Продолжуваме напред“ освои 151 место во Претставничкиот дом од 500 места на парламентарните избори на 14 мај. Друга опозициска партија „За Тајланѓаните“ успеа да обезбеди 141 место во парламентот. Двете политички сили се согласија да формираат коалициска основа на која ќе им се приклучат помали играчи, имено партиите „Тајланѓаните го градат Тајланд“, Тајландската либерална партија, Националната партија (Прачачат), Партијата на правдата, Новата социјална сила и „Обединетите сили за Тајланд“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK