СЗО: Секое шесто дете е жртва на сајбер злоставување

600741a9-3a1e-4882-86fa-0b81fff72996.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Сeкое шесто училишно дете е жртва на сајбер злоставување, според вториот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за здравственото однесување на децата од училишна возраст (HBSC), објавен во Копенхаген.

Насилството на Интернет е значително зголемено во споредба со претходниот извештај во 2018 година. Новиот извештај опфаќа податоци за периодот од 2018 до 2022 година.

Околу 15 проценти од учениците веќе доживеале сајбер злоставување. Процентот на жртви меѓу момчињата се зголеми од 12 отсто во извештајот за 2018 година на 15 отсто, а кај девојчињата од 13 на 16 отсто. Околу едно од осум ученици на возраст од 11 до 15 години одговориле дека веќе малтретирале некого во дигиталниот простор.

Додека 11 отсто од момчињата во извештајот за 2018 година рекоа дека биле малтретирани преку Интернет, таа бројка сега се зголеми на 14 отсто. Кај девојчињата е забележан пораст од 7 на 9 проценти.

Извештајот се фокусираше на моделите на злоупотреба и насилство меѓу децата и младите. Во истражувањето учествувале повеќе од 279.000 испитаници. Младите луѓе на возраст од 11 до 15 години учествуваат во студијата на секои четири години.

Последното истражување беше спроведено во 44 земји и региони во Европа, Централна Азија и Канада.

„Овој извештај е повик за будење до сите нас да се справиме со злоупотребата и насилството кога и каде и да се појават“, рече Ханс Анри П. Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

„Со оглед на тоа што младите поминуваат до 6 часа онлајн секој ден, дури и малите промени во стапката на малтретирање и насилство може да имаат длабоки импликации врз здравјето и благосостојбата на илјадници млади луѓе“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK