СЗО: Изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа во Газа

СЗО-Изгубивме-контакт-со-медицинскиот-персонал-во-болницата-Ал-Шифа-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска соопшти дека изгубиле контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа во Газа, откако израелските сили почнале со напад на установата.


„Извештаите за воениот упад во болницата Ал-Шифа се длабоко загрижувачки. Повторно изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата. Ние сме крајно загрижени за нивната безбедност и безбедноста на нивните пациенти“, напиша генералниот директор на СЗО на платформата Х, пренесува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK