Светските лидери му честитаа на новиот премиер на Британија

kir-starmer.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светските лидери му честитаа на Кир Стармер, кој ќе биде нов британски премиер, откако неговата Лабуристичка партија освои убедливо мнозинство на општите избори, ставајќи крај на 14-годишното владеење на конзервативците.


„Честитки до Кир Стармер за вашата изборна победа. Со нетрпение очекувам да работам со вас во конструктивно партнерство за решавање на заедничките предизвици и зајакнување на европската безбедност“, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на социјалната платформа Икс.

Централно-левичарските лабуристи би требало да освојат огромно мнозинство во 650-члениот парламент, додека конзервативците на Риши Сунак ќе го имаат својот најлош резултат во долгата историја на партијата бидејќи гласачите ги казнија за високи трошоци за живот, лоши јавни услуги и низа скандали. .

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, му ја честиташе победата на Стармер.

„Задоволен сум од нашата прва дискусија. Ќе ја продолжиме започнатата работа со Обединетото Кралство за нашата билатерална соработка, за мирот и безбедноста во Европа, за климата и за вештачката интелигенција“, напиша Макрон на Икс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се приклучи на честитките, пишувајќи дека „Украина и Обединетото Кралство биле и ќе продолжат да бидат сигурни сојузници во добро или во лошо“, а исто така се осврна и на Сунак.

„Благодарен сум на мојот добар пријател Риши Сунак за непоколебливата поддршка на британската влада под негово водство. Тенковите Challenger, ракетите Storm Shadow, обуката на нашите пилоти за Ф-16 и првиот билатерален договор за безбедносна соработка се само дел од нашите заеднички достигнувања кои Украина никогаш нема да ги заборави“, рече Зеленски на Икс.

Австралискиот премиер Ентони Албанес им рече на новинарите дека постои „цврста врска“ меѓу двете земји и дека особено се радува на соработката со Кир Стармер и многу други од британската Лабуристичка партија.

„Нивните ставови за голем број прашања се многу слични на нашите. Сигурен сум дека тесно ќе соработуваме во АУКУС (сојузот на Австралија, ОК и Соединетите Американски Држави), каде што веќе тесно соработувавме со претходната влада“, додаде Албанес.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, исто така, му честиташе на Стармер за неговата „историска изборна победа“ на Икс.

„Има многу работа да се направи за да се изгради попрогресивна, поправедна иднина за луѓето од двете страни на Атлантикот. Ајде да се зафатиме, пријателе“, напиша Трудо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK