Светските цени на златото повторно пораснаа на ново рекордно ниво бидејќи денеска на берзата во Њујорк Comex достигнаа цена од 2.449,89 долари за унца.
Како што пренесува Ројтерс, растот на цените на златото бил поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД наскоро ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во Соединетите Американски Држави.
ФЕД официјално не објави јасен став за каматните стапки, но инвеститорите веќе се обложуваат на нивно намалување.