Судот во Гана осуди шест лица на смртна казна за планирање државен удар, меѓу кои и војници

Во-Битола-приведена-скопјанка-барана-со-шест-потерници.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врховниот суд на Гана осуди шест лица на смрт, меѓу кои тројца војници, за планирање на државен удар во 2019 година.


Казната со бесење во средата го означува крајот на судењето за предавство кое започна во 2021 година. Последната смртна казна во Гана беше извршена на почетокот на 1990-тите.

Оваа пресуда „испраќа силен сигнал до нацијата дека нема да се толерира дестабилизација или организирање за уривање на Уставот и ќе биде сфатена доста сериозно“, рече државниот обвинител Годфред Лебоа Даме.

Осудените беа уапсени при тестирање на оружје за кое државниот обвинител тврдеше дека имале намера да го употребат во обид да ја соборат владата.

Тие ја признаа вината и пресудата ќе биде обжалена, изјавија нивните адвокати, пренесува „АП“.

Судот ослободи уште три лица од овие обвиненија, меѓу кои и двајца воени офицери.

Пратениците во владата на Гана минатата година го изменија Законот за злосторства за да ја заменат смртната казна со доживотен затвор, иако смртната казна останува валидна казна за дела на велепредавство, како што е предвидено во уставот на земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK