Грабеж на банка во Рим ќе се претвореше во заложничка ситуација: драмата ја спречил еден од вработените

Синот-со-денови-го-малтретирал-таткото-инвалид-во-Италија-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Двајца разбојници на возраст од 47 и 50 години, вооружени со два пиштола влегле во филијалата на банката „Кредито Коперативо“ во областа Сан Басилио во предградието на Рим. Она што на почетокот изгледаше како заложничка ситуација, за среќа брзо заврши со одличната реакција на еден од вработените во банката.

Како што јави агенцијата „Нова“, разбојниците чекале да пристигнат вработените и да се отвори банката.

Со закана со оружје, бандитите упаднале во банката и киднапирале и затвориле седум лица, од кои четворица вработени и тројца клиенти и ги сместиле во една соба, но успеале да добијат само 2.000 евра со кои се обиделе да избегаат.

Имено, грабежот пропаднал благодарение на алармот што го вклучил вработен во банката, како и брзата интервенција на полицијата.

Полицијата го уапсила едниот разбојник надвор, додека другиот бил фатен во банката.

Два пиштоли, биле пронајдени во банката, бидејќи криминалците гледајќи ја полицијата се обиделе да се ослободат од нив.

Двајцата мажи од Рим, се во притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK