Судир на два авиони во воздух: Се урна помал авион, има мртви

avion.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Два авионa денеска се судрија во воздух над Најроби, главниот град на Кенија, при што помалиот авион падна во национален парк, a загинаа две лица во него, соопшти полицијата.

Поголемиот авион Сафарилинк, со 39 патници и пет членови на екипажот, се упатил кон приморското одморалиште Диани кога екипажот пријавил судар во воздух и силен удар веднаш по полетувањето од аеродромот Вилсон, и решил да се врати назад. каде што слетал безбедно, објави авиокомпанијата, пренесува АП.

Во полицискиот извештај се наведува дека овој авион се судрил со едномоторна „цесна 172“ во која имало две лица, кои биле на обука и кои загинале во инцидентот.

Властите ги истражуваат причините за овој инцидент, се вели во соопштението на полицијата, пренесува „АП“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK