Писториус: Еден учесник во разговорот користел небезбедна линија, размислуваме за дисциплински мерки

677z381_boris-pistorijus-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска соопшти дека еден од учесниците во разговорите меѓу воените претставници за Украина, кој беше пресретнат од Русија, комуницирал преку небезбедна линија и дека се разгледуваат дисциплински мерки. Русија најверојатно го пресретнала воениот повик преку пошироки мерки за надзор наместо шпионирање или насочено следење, рече Писториус, пренесува Ројтерс.

Тој наведе дека е познато дека учесниците на разговорот ја користеле платформата „Веекс“, која е одобрена за комуникација во германското Министерство за одбрана и дека Берлин ќе преземе технички и организациски мерки за да не се повтори таков инцидент.

Писториус претходно изјави дека одредени делови од разговорите меѓу воените функционери за Украина не се наменети за пошироката јавност, наведувајќи дека обвинителството би можело да отвори случај поради протекување на информации и дека во снимката офицерите на Бундесверот разговарале за „различни сценарија“ за настани, а не и за планови.

Маргарита Симонјан, шефицата на рускиот државен канал РТ, во петокот објави аудио снимка од приближно 30-минутен разговор, во кој, како што објавија медиумите, се слушаат четворица офицери на Бундесверот како разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета „Таурус“ и дали германските ракети од крстосувачи технички се способни да го уништат мостот на Крим, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK