Столтенберг ја поздрави одлуката на Унгарија да го ратификува влезот на Шведска во НАТО

Видео-Столтенберг-Украина-успеа-да-врати-50-отсто-од-териториите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави одлуката на унгарскиот парламент да го ратификува влезот на Шведска во НАТО.


„Ја поздравувам одлуката на унгарскиот парламент да го ратификува влезот на Шведска во НАТО. Сега кога сите сојузници го одобрија влезот, Шведска ќе стане 32-та членка на алијансата. Членството на Шведска ќе не направи сите посилни и побезбедни“, објави Столтенберг на социјалната мрежа „Икс“.

Приемот на нови земји бара едногласна поддршка од сите членки на НАТО, а Унгарија е последната од 31 членка на алијансата која ја даде својата поддршка откако Турција го ратификуваше барањето минатиот месец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK