Српските медиуми: Вучиќ и Орбан планираат посета на премиерот на Словачка кој денес беше застрелан

vucic2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан во следните денови ќе го посетат словачкиот премиер Роберт Фицо, кон којшто денес беше пукано, дознава „Еуроњуз Србија“, а веста ја пренесоа и неколку други српски медиуми.

Вучиќ денеска веднаш по објавувањето на веста реагираше на социјалната мрежа „Икс“.

„Шокиран сум од атентатот на Роберт Фицо, голем пријател на Србија и мој лично. Драг пријателе, се молам за тебе и за твоето здравје“, напиша Вучиќ.

Премиерот Роберт Фицо беше застрелан по состанокот на владата, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ. Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Напаѓачот е уапсен на лице место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK