Спречен атентат врз руски функционер

Спречен-атентат-врз-руски-функционер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската служба за безбедност (ФСБ) спречила напад организиран од Службата за безбедност на Украина (СБУ) врз еден од лидерите на Крим.


„На Крим, офицерите на ФСБ на Русија приведоа група луѓе составена од руски државјани В. А. Боднар, О. В. Шевченко и В. Ањанев кои по инструкции на СБУ се подготвуваа да дигнат во воздух автомобил на еден од лидерите на Крим. Уапсените ја признаа вината“, се наведува во соопштението на Центарот за односи со јавноста на разузнавачката служба, пренесува РИА Новости.

Од осомничените е земена радиоконтролирана импровизирана експлозивна направа (ИЕД) со кумулативно дејство, изработена од модифицирана противтенковска противвоздушна мина ДМ22 од германско производство со високо експлозивно полнење на база на РДКС, тешка 1,9 килограми, јавуваат руските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK