Во Истанбул е пронајдена мртва Филипинката Ксенија Феј Атилано Крстиќ, сопругата на нишкиот хакер Кристијан Крстиќ, кој е осомничен дека е мозокот на измамата од 70 милиони долари во Америка, пишува„Новости“.
Против неа и нејзиниот сопруг, како и десетина други се водеа постапки за измама, но од август 2021 година им се губи секаква трага на сопружниците кои извесно време беа во Ниш.
Смртта на Филипинката доведе до разни шпекулации и нагаѓања на социјалните мрежи, а според сознанија таа починала поради тешка болест.