Петнаесет лица се повредени во судир на автобус и автомобил во Малатја во источна Турција.
Сударот се случил на раскрсницата на автопатот Малатија-Елазиг, а од силината на ударот автобусот се превртел.
На местото на настанот се испратени екипи од полиција, пожарникари и лекари, пишува весникот „Аксим“.
Според првите информации, сите повредени се турски државјани.