Силно закашлал и ја скршил најтврдата коска во човечкото тело: бизарен случај кој ги шокираше лекарите

Screenshot-2024-06-08-171445.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Бутната коска се смета за најтврда коска во човечкото тело, а 35-годишен жител на провинцијата Фуџен успеал да ја скрши – со кашлање.

Необичниот случај неодамна ги збуни кинеските лекари, бидејќи фрактурите на бутната коска настануваат како последица на сериозна траума, како што се падови од височина или сообраќајни несреќи.

Неименуван маж (35) им се пожалил на ортопедите дека почувствувал „остра болка во ногата“ откако силно кашлал, но мислел дека се работи за грч.

Меѓутоа, тој не можел да ја поддржи ногата, па решил да ја посети болницата.

Рентгенот покажал фрактура на бутната коска, но неговата приказна немала смисла за лекарите, пишува Oddity Central.

Тие одлучија да го истражат случајот и да го испрашаат пациентот за неговото општо здравје, навиките, исхраната и начинот на живот. Дополнително, направена е и анализа на коскената густина која даде загрижувачки резултати.

Испадна дека има слична густина на коските на 80-годишен маж!

Тестовите покажале дека тој не боледувал од други болести, па заклучено е дека скршеницата е последица на кревки коски, лоша исхрана и недостаток на физичка активност.

Човекот им признал на лекарите дека ја заменил водата со зашеќерени, газирани пијалоци, кои можеби го спречиле неговото тело правилно да го апсорбира калциумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK