Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди индискиот Кашмир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри југозападно од Падам, на длабочина од 10 километри, соопшти EMSC.
Засега нема информации за жртви, ниту за материјална штета.