Швајцарија ја истражува блокираната продажба на околу сто тенкови за Украина

shvajcarija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ревизорите ќе го испитаат „Руаг“ поради обидот за зделка со германски „Рајнметал“ кој беше блокиран со образложение дека ќе ја наруши швајцарската неутралност, објави Блумберг.

Со продажбата „Руаг“ би испратил тенкови Леопард на германската компанија „Рајнметал“, која планирала да ги обнови за Украина. Швајцарија го прекина продолжувањето на договорот во јуни.


Поранешната извршна директорка на швајцарската компанија, Брижит Бек поднесе оставка откако предложи европските земји да испратат швајцарско оружје во Украина бидејќи владата нема да интервенира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK