Двајца мажи од Велика Британија се обвинети дека шпионирале за Кина.
Како што јавува Би-Би-Си, тие ќе се појават пред Вестминстерскиот суд во Лондон на 26 април.
Кристофер Бери (32) и Кристофер Кеш (29) беа обвинети за прекршување на Законот за службени тајни, односно за давање штетни информации на странска држава.
Тие се ослободени и ќе се појават во Вестминстерскиот суд во петок на 26 април.
Шефот на командата за борба против тероризмот, Доминик Марфи, рече дека станува збор за исклучително сложена истрага за многу сериозни обвинувања.
„Свесни сме дека постои одреден степен на јавен и медиумски интерес за овој случај, но би ги замолиле другите да се воздржат од какви било дополнителни коментари или шпекулации, за да може сега кривично-правниот процес да го земе својот тек“, рече тој.