Доколку западните земји сакаат да ја решат украинската криза на бојното поле, тогаш Москва е подготвена за тоа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Тоа е нивно право, ако сакаат да бидат на бојното поле, ќе бидат на бојното поле“, рече Лавров за време на консултациите во Советот на Федерацијата за неговото повторно именување за министер за надворешни работи, пренесува РИА Новости.
Зборувајќи за конференцијата за Украина во Швајцарија, која е закажана за јуни и на која Русија не беше поканета, Лавров ја спореди ситуацијата со „укор за ученик“.