Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

1648629637-1648628827-2022-03-30T080930Z_600728610_RC2VCT92K7LL_RTRMADP_3_UKRAINE-CRISIS-DONETSK-scaled-750x516.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков.

Руските сили се обидуваат да се пробијат во тој регион, што предизвика тревога во Киев и кај западните сојузници за потенцијална голема офанзива врз Харков – вториот по големина во Украина, кој се наоѓа на само триесет километри од руската граница.

„Непријателот моментално постигнува тактички успеси“, објави украинскиот Генералштаб.

По освојувањето на неколку села во областа Харков, во моментов се водат борби во близина на градот Вовчанск, кој се наоѓа на само пет километри од руската граница, пишува ДПА.

Украина тврди дека Русија бележи големи загуби, но дека и покрај тоа испраќа бројни сили во Вовчанск, кон кој се движат пет баталјони. Русија веќе го окупираше Вовчанск на почетокот на војната.

Русија започна уште еден пробив кон регионот Харков на 10 мај. Во последните два дена освоила девет села, тврди руското Министерство за одбрана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK