Се урна зграда во Мајорка: расте бројот на загинати и повредени

d4633fe5-9a88-436e-a559-e9cabdb93b1e.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Бројот на загинати во уривањето на двокатната зграда на шпанскиот остров Мајорка се искачи на четири, а бројот на повредени на 16, а неколку луѓе се уште се под урнатините, соопштија локалните служби за итни случаи.

Претходно беше соопштено дека загинале најмалку две лица, а најмалку 12 се повредени.

Локалните медиуми објавија дека ресторанот Медуза Бич Клуб се наоѓал во зградата што се урна во четвртокот вечерта во главниот град на Мајорка, Палма.

Се урнал подот од првиот кат од зградата, по што луѓето паднале во подрумот, а повеќето од загинатите и повредените се странци и туристи, изјави за локалните медиуми, шефот на противпожарната служба во Палма, Едер Гарсија.

Портпаролот на локалната полиција им рекол на новинарите дека се истражува причината за падот, пренесува „Ел Паис“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез упати сочувство до семејствата на жртвите и посочи дека владата е подготвена да ја испрати сета потребна помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK