Се урна училиште во Романија, едно лице загина: жртвата е извлечена од под урнатините

Се-урна-училиште-во-Романија-едно-лице-загина-жртвата-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице, кое денеска беше затрупано под урнатините на училиште во Романија, почина.


Како што пишува Либертатеа, ова е четвртиот и последен човек кој останал заробен под урнатините, а и покрај сите напори на итната помош да ја спасат, жртвата сепак им подлегнала на повредите.

Се работи за средношколскиот интернат „Тамаси Арон“ во Одорхеул Секујеску, област Харгита кој ненадејно се урна. Како што јавија медиумите, вкупната површина на училиштето е 200 метри квадратни, а на местото на настанот брзо пристигнале противпожарни возила и две екипи на брзата помош.

Четворица ученици останаа затрупани, а тројца од нив веднаш беа извлечени и пренесени во болница. Четвртиот ученик им подлегнал на повредите, а на лице место беше извршена реанимација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK