Унгарија и се закани на Бугарија; Бугарија го укина данокот за транзит на руски гас

Унгарија-и-се-закани-на-Бугарија-Бугарија-го-укина-данокот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Бугарија, која се надева дека конечно ќе влезе во Шенген зоната по долгогодишно чекање, денеска го прифати барањето на Унгарија за укинување на специјалниот данок за транзит на руски гас за Унгарија и Србија. Бугарскиот парламент денеска гласаше за укинување на мерката што беше воведена на 13 октомври. Данокот изнесуваше 10 евра по мегават на гас транспортиран преку гасоводот Турски тек.

Првично се работеше за „намалување на профитот“ на Гаспром, но спроведувањето на мерката се покажа сложено и рускиот гигант никогаш не ги плати бараните пари. Будимпешта и Белград, кои зависат од руските енергетски извори и сакаат да ги зачуваат врските со Кремљ, оценија дека тоа е „непријателска мерка што го загрозува нивното снабдување со енергија“.

Унгарскиот министер се закани дека ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто се закани дека ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната доколку данокот остане на сила.

„Ако Унгарија го испочитува тоа што го вети, ветото мора веднаш да се укине“, изјави бугарскиот премиер Николај Денков за бугарската телевизија.

Минатата недела Холандија оцени дека Софија ги исполнува сите услови за влез во Шенген зоната, а Австрија е подготвена да направи отстапки, но само кога станува збор за воздушниот сообраќај со Бугарија и Романија и тоа под услов да се зголеми безбедноста на надворешните граници на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK