Хеликоптерот на компанијата „Аеро Галф“ се урна во морето со двајца пилоти, по полетувањето од меѓународниот аеродром Ал Мактум во Дубаи, соопштија властите на ОАЕ.
Хеликоптерската несреќа била пријавена околу 20:30 часот вчера по локално време, откако авионот се урнал додека пилотите биле на ноќен тренинг лет.
Потрагата по екипажот се уште е во тек, се додава во соопштението, пренесува Ројтерс.
Пилотите се државјани на Египет и Јужна Африка, се наведува во соопштението.