Се огласи Залужни за првпат по разрешувањето

Се-огласи-Залужни-за-првпат-по-разрешувањето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, за првпат се огласи на Телеграм по неговото разрешување, истакнувајќи дека моментално не извршува никаква функција.

– Честа и одговорноста ја чувствувам пред секој бранител на Украина и покрај тоа што моментално не ја извршувам функцијата – напиша тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ден претходно најави оставка на Залужни и на негово место го назначи Александар Сирски, кој претходно командуваше со копнените сили.

Минатата есен, некои локални и западни публикации пишуваа за можен конфликт меѓу шефот на режимот во Киев и врховниот командант на вооружените сили на Украина. Така, Вашингтон пост објави дека Залужни, кој е популарен меѓу своите сограѓани, може да претставува закана за Зеленски доколку реши да започне политичка кариера.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK