Саудиска Арабија потпиша договор со турската компанија „Бајкар“ за производство на дронови

dronovi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саудиска Арабија потпиша стратешки договор со турската компанија „Бајкар“ за локално производство на беспилотни летала во Кралството, објави синоќа Саудиската државна одбранбена компанија „САМИ“ на платформата X (поранешен Твитер).







-Договорот „ќе ја подобри улогата на „САМИ“ во поддршката на националната одбрана и зајакнувањето на нашите локални способности“, се вели во соопштението.

Во јули, Саудиска Арабија се согласи да купи турски дронови од „Бајкар“ во најголемиот воено-индустриски договор во турската историја.

Инвестициите и финансирањето од земјите од Заливот помогнаа да се намали притисокот врз турската економија и валута по 2021 година, кога Анкара прави дипломатски напори да ги обнови врските со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK