Саливан во Џеда разговараше за напорите за воспоставување мир во Јемен

salivan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан синоќа се сретна со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за време на неговата посета на кралството и разговараше за тоа што американското претседателство го опиша како „значаен напредок“ во напорите за воспоставување мир во Јемен, јавија светските агенции, цитирајќи соопштение од Белата куќа.







За време на патувањето, чија цел беше зајакнување на често затегнатите врски со Ријад, Саливан, исто така, одржа заеднички разговори со престолонаследникот, советникот за национална безбедност на ОАЕ, Шеик Тахнун бин Зајед Ал Нахјан и советникот за национална безбедност на Индија, Аџит Довал „за да ја развијат заедничката визија за побезбеден и просперитетен регион на Блискиот Исток, поврзан со Индија и светот“, соопшти Белата куќа.

„Тој го разгледа значителниот напредок во преговорите за дополнително зајакнување на 15-месечниот прекин на огнот во Јемен и ги поздрави континуираните напори, предводени од Обединетите нации, за ставање крај на војната“, се вели во соопштението на Белата куќа. Се разговарало и за „низа други прашања“.

Саливан, главен советник за национална безбедност на претседателот Џо Бајден во Белата куќа, му се заблагодари на престолонаследникот за поддршката на Саудиска Арабија за американските граѓани за време на нивната евакуација од Судан, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK