САД со одлука: 567 милиони за Тајван

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден одобри 567 милиони долари за одбрана на кинескиот регион Тајван, соопшти денеска Белата куќа.



Во соопштението се наведува дека Бајден му делегирал на американскиот државен секретар „да повлече до 567 милиони долари од Министерството за одбрана на САД за оружје, услуги, воено образование и обука за да му пружи помош на Тајван“.

Ова е најновата одлука на американската администрација донесена со цел зајакнување на армијата на островот во услови на растечки тензии со Кина, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека САД се најважниот меѓународен сојузник и снабдувач на оружје на Тајпеј, пренесуваат светските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK