Руте: Нема изгледи за прием на Украина во Алијансата


Depositphotos_303161642_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во моментов, нема изгледи Украина да се приклучи на Северноатлантската алијанса, бидејќи нема едногласна поддршка за тоа од сите земји-членки, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.


„Едногласна поддршка во моментов не постои, а таа е неопходна за полноправно членство. Соединетите Американски Држави, како и Германија и другите членки на НАТО, се против приемот на Украина, па затоа во моментов нема изгледи за нејзино пристапување“, рече Руте.

Во мај, поранешниот шеф на НАТО, Андерс Фог Расмусен, предложи прием на Украина во Алијансата, по моделот применет во Западна Германија во 1955 година.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека потенцијалното влегување на Украина во НАТО би претставувало закана за безбедноста на Русија. Тој додаде дека токму оваа закана е една од причините за започнување на Специјалната воена операција.

Руските власти постојано изразуваат загриженост за воено-политичкото јакнење на силите на блокот во Европа. Кремљ објави дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK