Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес ги отфрли повиците на американскиот претседател Доналд Трамп дека европските сојузници во НАТО треба да бидат безусловно лојални на Вашингтон.
„НАТО не е слепа послушност. Одлуките во НАТО се донесуваат со слободен консензус на сите земји-членки, а не диктирани од поединечни земји-членки“, изјави Писториус за „Шпигел“.
Писториус рече дека не очекува нови критики од Соединетите Американски Држави кон Германија за време на самитот на НАТО, кој се одржува во Турција следната недела, по несогласувањето меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и Трамп околу американската стратегија во војната во Иран.
Во последните месеци, Вашингтон ги алармираше своите сојузници со флуктуирачки најави за повлекување на трупите и ресурсите од Европа.
САД веќе објавија дека ќе повлечат 5.000 војници од Европа и дека ќе ги намалат воените средства што Вашингтон би ги обезбедил за Европа во случај на криза, пренесува Танјуг.