Руски милијардер е еден од преживените во авионската несреќа во Авганистан, неговата сопруга починала

Руски-милијардер-е-еден-од-преживените-во-авионската-несреќа-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руски милијардер ја преживеал авионската несреќа во Авганистан, пишуваат светските медиуми, додека неговата сопруга починала на пат кон болница.


Во неделата локалните власти објавија дека мал патнички авион се урнал во планините Бадакшан. Авионот Falcon 10, кој исчезна во Авганистан, е регистриран во државниот регистар на руски цивилни авиони, соопшти Федералната агенција за воздушен транспорт. Прелиминарно, во авионот имало шест лица – четворица членови на екипажот и двајца патници.

Авионот исчезнал од радарите додека бил во воздушниот простор на Авганистан во близина на границата со Таџикистан. Извори од руските воздухопловни власти наведуваат дека сопственикот на авионот е регистриран во селото Погорелово во Тверската област, а според нивните информации, можно е авионот да се урнал поради недостиг на гориво. Силен спротивен ветер и можна грешка во пресметката на горивото се прелиминарните причини за несреќата.

Авионот вршел приватен медицински лет за евакуација од Патаја до Москва, јавува извор од тајландскиот аеродром Утапао. Станува збор за државјанка на Русија, која во тешка состојба од болницата во Патаја требало да биде пренесена во Русија. Таа била придружувана од нејзиниот сопруг, приватен претприемач, исто така руски државјанин, кој го платил летот. Покрај нив, во авионот имало и медицински тим и екипаж.

Во авионската несреќа загинаа Ана Евсјукова и еден пилот, додека сите останати преживеаја. Синот на патникот во авионот Виталиј Евсјуков ги раскажа деталите кои му претходеле на летот. Неговите родители планирале одмор во Патаја, но на Ана веднаш по пристигнувањето и се слошило, па била хоспитализирана директно од хотелот. Нејзината состојба се влошила, па било одлучено да биде пренесена во Москва на понатамошно лекување, што за жал не се случило.

Ана Евсјукова не можело да се спаси и покрај напорите на лекарите, а авионската несреќа дополнително ја продлабочи трагедијата. Виталиј пристигна во Москва, очекувајќи средба со претставник на авиокомпанијата, но тоа не се случи. Медицинската документација која требаше да биде клучна за понатамошно лекување ја поседуваше Анатоли Евсјуков, чие семејство и пријатели сега се во целосен шок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK