Млад човек во Германија се качил на покривот на воз и го удрила струја од 15.000 волти

Млад-човек-во-Германија-се-качил-на-покривот-на-воз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Противпожарната служба во Бад Хомбург спаси млад човек (18) кој настрада од струен удар од надземна линија кога се качил на врвот на возот. Тој се здобил со сериозни изгореници и повреди опасни по живот и бил пренесен во болница, пренесува Хесеншау.

18-годишникот вечерва околу 0:50 часот се качил на покривот на S-Bahn воз и го допрел надземниот вод од 15.000 волти на пругата. Според полицијата, со него имало и други млади момчиња. Засега не е познато зошто се качиле на врвот на возот.

Пожарникарите го извлекле тинејџерот од покривот. Според полицијата, 18-годишникот бил пренесен во болница во Офенбах со тешки изгореници. Железничката станица Бад Хомбург беше затворена околу два часа поради спасувачката операција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK