Руситеја ја нападнаа Одеса – десетици загинати и повредени меѓу кои болничар и спасувач

odesa.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во ракетниот напад на Русија врз Одеса загинаа 14 лица, меѓу кои и болничар и спасувач кои дошле на помош по првата експлозија, пренесува Украинска правда. Најмалку 46 лица се повредени, меѓу кои седум спасувачи.


Украинските воздухопловни сили предупредија дека постои ризик од напад на балистичка ракета, пред да се слушнат првите експлозии.

Одеса е дом на украинската црноморска пристанишна инфраструктура, која долго време беше цел на руски напади.

Од ударот се оштетени и 10 приватни куќи, автосервис, гасовод со низок притисок и две противпожарни возила. Во моментов се работи на гаснење на пожарот на гасоводот и на приватна куќа со вкупна површина од околу 120 метри квадратни. Во областа Одеса за утре е прогласен ден на жалост, јави државната телевизија Суспилне.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK