Португалија им дава на Чесите 100 милиони евра за испорака на муниција на Украина

1693323259_ukraina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Португалија ќе придонесе со 100 милиони евра во чешката иницијатива за снабдување на Украина со муниција од трети земји, соопшти Министерството за одбрана на таа земја. Министерството соопшти дека целта на иницијативата е брза испорака на најголема можна количина муниција од различен калибар, особено 155 милиметри.

„Употребата на оваа муниција на боиштето достигна исклучително високи нивоа, поради што е од витално значење и итно Украина да набави дополнителна муниција за да одговори на постојаните и поинтензивни руски напади“, беше објавено вчера.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека на Украина и снемува муниција во војната против руската инвазија и дека сојузниците не прават доволно за да му помогнат на Киев.

Залихите на муниција станаа клучно прашање за Украина, чија борба против руската инвазија влезе во третата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK