Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон


dron-rusija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.


Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.

„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.

Фото: илустрација

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK