Русија: Верските власти забранија носење никаб во Дагестан поради терористички напади

dfgf.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Верските власти во јужниот руски регион Дагестан денеска објавија дека забрануваат носење никаб поради минатомесечните терористички напади врз синагогите и православните цркви.


Во изјава за Телеграм, портпаролот на муфтијата најави дека облеката што го покрива целото лице освен очите ќе биде забранета додека „не се отстранат заканите“, пренесува Политико.

Привремената забрана доаѓа по серијата координирани напади врз синагогите и православните цркви во главниот град на Дагестан Махачкала и градот Дербент на 23 јуни, во кои загинаа 22 лица, а десетици беа повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK