Русија уништи два поштенски центри во Украина, еден во близина на Киев


depositphotos_11949299_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските напади уништија центри за сортирање на украинската приватна поштенска и курирска компанија Нова Пошта во близина на Киев и во северниот град Суми, соопшти компанијата.


Нова Пошта објави на Телеграм дека четири водени воздушни бомби го погодиле нејзиниот терминал во Суми. Три камиони исто така биле оштетени во нападот.

Компанијата вели дека нема повредени вработени и дека Нова Пошта продолжува да работи. Објектите на компанијата често се цел на напади откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.

фото/Depositphotos/илустрација

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK