Бразилскиот модел Жизел Бундшен (46) го прослави Денот на благодарноста со својот сопруг Хоаким Валенте (39) и нејзините три деца. Таа објави неколку семејни фотографии на Инстаграм, вклучувајќи ги и оние со нејзиниот најмал син, кој го доби минатата година, пишува People.
„Благодарноста е заразна“, напиша Жизел, порачувајќи им на своите следбеници да се радуваат на убавите работи во животот секој ден.
Жизел и нејзиниот поранешен сопруг, пензионираниот американски фудбалер Том Брејди, имаат син, Бенџамин (16) и ќерка, Вивиен (13). Тие се разведоа во 2022 година по 13 години брак.
View this post on Instagram
Кратко по разводот, започнаа шпекулации за нејзината врска со Валенте, инструктор по бразилско џиу-џицу. Таа првично тврдеше дека се само пријатели, а почнаа да се забавуваат во јуни 2023 година.
Двојката доби син во февруари 2025 година, а во декември истата година се венчаа на приватна церемонија.
На почетокот на ноември, манекенката му го честиташе 39-тиот роденден на својот сопруг со заедничка фотографија и љубовна порака на португалски јазик, во која изрази благодарност што го има во својот живот.