Русија собори седум украински авиони Су-27 при нападот на аеродромот Миргород

df.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Руските војници соборија седум украински авиони Су-27 за време на ракетен напад на аеродромот Миргород во областа Полтава, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Беше прецизирано дека нападот во кој, според тврдењата на руското Министерство, биле уништени пет оперативни повеќенаменски ловци Су-27, а оштетени  уште два, кои биле на ремонт, бил извршен со „Искандер-М“ проектили.

831-та тактичка авијациска бригада на Украина се наоѓа на воениот аеродром во Миргород, а се користи и како база за напади на Запорожје и правецот на Крим, наведува агенцијата РИА Новости.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK