Амбасадата на Русија во Соединетите Американски Држави денеска ќе испрати дипломатска нота до Вашингтон во која ќе го искаже својот протест против постапките на тајната служба на денот на претседателските избори во Русија во недела, јави државната новинска агенција ТАСС.
Повикувајќи се на рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов, ТАСС денеска јави дека службениците на тајната служба „дозволиле да се блокира влезот во руската амбасада и да се создадат пречки за руските граѓани кои дошле да гласаат“.
Претседателот Владимир Путин извојува рекордна победа на постсоветските избори, консолидирајќи ја својата и онака цврста контрола на власта, пишува Ројтерс.