Најмалку 15 лица беа спасени во претходните 24 часа во романските планински области, а пет мораа да бидат хоспитализирани.
Како што соопшти спасувачката служба Салвамонт Романија, во претходните 24 часа Салвамонт примил 15 повици со барање за итна интервенција на спасувачите, објавено е на веб-страницата на организацијата.
Најмногу повици добиле службите во областите Воинеас и Северин Семеник, објави Аџерпрес.
Исто така, поради снежната бура затворени се и државните патишта во источна Молдавија во Романија, соопшти регионалната дирекција за патишта. Како што е наведено, патиштата се затворени во областите Јаши, Ботошани, Васлуј, Њамц, Бакау, Галати и Браила.
Снежната бура предизвика и прекин на железничкиот сообраќај на станицата во општина Марашешти, во областа Вранча.
Поради снежната бура се случија неколку сообраќајни незгоди во кои неколку лица се повредени.