Развојни хуманитарни групи со апел до лидерите од Г-7 да не ги заборават другите кризи во светот додека се фокусираат на Украина

g7
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Развојните организации ги повикаа седумте богати индустриски земји, кои присуствуваат на тродневниот Самит во Јапонија да не заборават на другите хуманитарни кризи во светот додека се фокусираат на руската инвазија на Украина, јави ДПА.







Поддршката за Украина е добредојдена и неопходна, изјави денеска Јуко Шибата од организацијата за итна помош Јапонска платформа (JPF), на маргините на Самитот на Г7 во Хирошима. „Но, Украина не е единствената криза во светот“, додаде Шибата.

Организациите вклучени во Граѓанското општество 7 – една од официјалните групи за ангажман на граѓанското општество на Г7 – се повеќе „стравуваат“ дека средствата ќе бидат „пренасочени кон Украина“, рече Шибата. – Не можеме да ги заборавиме „заборавените кризи“.

Организациите забележаа дека несигурноста во обезбедувањето храна достигнала огромни размери. Пред една година, Г7 вети поголема помош за борба против глобалната глад на самитот во Баварија во Германија.

„Фактот дека повеќе деца се соочуваат со глад отколку порано претставува неуспех на Г7 да ги исполни своите обврски што ги презедоа“, рече Јумико Хори од Спасете ги децата (Save the Children).

„Една третина од човештвото нема доволно за јадење“, вели Макс Лосон од добротворната организација Оксфам. Тој рече дека богатите нации мора да овозможат олеснување на долгот за сиромашните земји парализирани од големите долгови.

Лосон се пожали дека хуманитарните прашања се спуштени долу на агендата. „Лидерите на Г7 се повеќе фокусирани на себе.

Марвин Мајер од World Vision се пожали на „кризен замор“. „Потешко е да се слушне, бидејќи луѓето не сакаат да слушаат“, рече Мајер за нивните апели за хуманитарна помош. „Тоа се нарекува циклус на паника и запоставување.

Организациите за развој, исто така, се жалат дека расположливите средства станале оскудни не само поради хуманитарната помош за Украина и нејзините бегалци – туку и поради големите трошоци за испорака на оружје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK