Бројот на загинатите во нападот на Вооружените сили на Украина врз пекара во Лисичанск достигна 28 лица, соопштија за „Спутник“ од администрацијата на шефот на ЛНР.
„Загинаа 28 лица, меѓу кои и едно дете“, изјави извор на агенцијата.
Повредени се уште десет лица.
Според информациите на Воената команда, под урнатините биле пронајдени околу 40 лица.
„Режимот во Киев, претрпувајќи пораз на фронтот, намерно изврши напад на слободен ден, кога многу луѓе одат да купат леб“, рече шефот на ЛНР, Леонид Пашечник.