Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски се согласиле да примат група африкански лидери за да разговараат за потенцијалниот мировен план за решавање на конфликтот.
„Моите разговори со двајцата лидери покажаа дека и двајцата се подготвени да ги примат африканските лидери и да разговараат за тоа како може да се стави крај на овој конфликт“, рече Рамафоса на заедничката прес-конференција со сингапурскиот премиер.
„Дали тоа ќе успее ќе зависи од разговорите што ќе се одржат“, рече тој.
Рамафоса додаде дека лидерите на Сенегал, Уганда и Египет исто така го поддржуваат мировниот план, додавајќи дека за иницијативата биле информирани и генералниот секретар на ОН, САД и Велика Британија.
Вашингтон и Лондон изразија „внимателна“ поддршка за мировниот план, додаде Рамафоса.