Рускиот претседател Владимир Путин изјави синоќа дека мисли оти Русија може да „придонесе во мировниот процес“ кога станува збор за конфликтот меѓу Израел и Палестинците предводени од Хамас.
„Па зошто да не? Имаме многу стабилни деловни односи со Израел – и пријателски односи со Палестина со децении“, рече тој.
Рускиот лидер, исто така, посочи дека работата на Квартетот за Блискиот Исток (која ги вклучува ОН, Русија, САД и ЕУ) може да се оживее за таа цел.
Во исто време, тој истакна дека конфликтот сега е во невидена акутна фаза.
„Жестокоста е толку голема што вакво нешто, мислам, не гледаме никаде на друго место“, рече рускиот претседател.