Путин: Сите задачи на нуклеарните вежби се исполнети


Depositphotos_410277082_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По завршувањето на заедничката нуклеарна вежба, претседателот на Русија, Владимир Путин, се обрати.


„Русија и Белорусија не планираат да се вклучат во трка во вооружување. Правиме сè што беше планирано пред децении. Работиме според план, прецизно и хармонично и, фала му на Бога, сè ни функционира“, истакна рускиот претседател.

„Важно е да се продолжи со подигање на нивото на подготвеност на стратешките и тактичките нуклеарни сили, да се развиваат сите нивни компоненти. Во исто време, како што веќе реков, немаме намера да се вклучиме во трка во вооружување. Нашата нуклеарна тријада ќе остане на ниво што е доволно“, рече рускиот претседател.

Како што истакнува, заедничките нуклеарни вежби на Русија и Белорусија го зајакнуваат борбеното братство, како и координацијата на единиците и формациите, објави RT.

„Сакам да им се заблагодарам на сите, пред сè на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, на сите што учествуваа во оваа вежба, обука, на припадниците на руската и белоруската армија за добрата организација, професионалната работа и прецизното дејствување“, нагласи рускиот претседател.

Според рускиот лидер, планирано е следната година да се одржат оперативни вежби на вооружените сили на Русија и Белорусија наречени „Штит на сојузот 2027“.

„Ваквите систематски и доследни чекори се неопходни за зајакнување на одбранбените способности на нашите земји и за сигурна заштита на граѓаните на Русија и Белорусија од потенцијални закани од сите правци“, подвлече рускиот шеф на државата.

Путин се осврна и на успешното тестирање на ракетата „Сармат“.

„Неодамна успешно ги завршија тестовите на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“, која има високи тактички и технички карактеристики и е способна да ги надмине сите модерни и перспективни средства за противракетна одбрана“, потсети Путин.

Тој истакнува дека планот е воведување модерни нуклеарни подморници во морнарицата, а нови и модернизирани стратешки бомбардери во воздухопловните сили.

„Без сомнение, ќе продолжиме да ја зголемуваме борбената готовност на другите видови и родови на армијата, како и да вежбаме борбени задачи како дел од обуката, земајќи го предвид искуството од Специјалната воена операција, вклучително и заедничките обуки и маневри од оваа година“, рече рускиот лидер.

На крајот, Путин уште еднаш ја пофали добро координираната работа на белоруските колеги, пријатели, партнери и сојузници.

„Бомбардерите способни да носат специјални боеви глави и оружје со среден дострел, „Искандери“, кои беа користени сега – беа користени стручно и на координиран начин. Ова е од големо значење при употреба на оружје од овој тип, бидејќи секоја минута, секоја секунда е важна тука. Ваквите активности, како што се денешните заеднички вежби, се одржуваат токму заради вежбање на координацијата“, нагласи Путин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK