Путин: Русија ќе направи се’ за Египет да се интегрира во БРИКС

Путин-Украинската-контраофанзива-пропадна-тие-се-во-опасност-доколку-војната.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија ќе се обиде да направи се’ за да го интегрира Египет во БРИКС во времето кога Русија е претседавач со таа организација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.


Рускиот претседател и неговиот египетски колега Абдел Фатах ел-Сиси во вторникот преку видео врска ја почнаа изградбата на новиот блок во египетската нуклеарна централа Ел-Даба, објави новинската агенција Риа Новости.

„Се отвораат нови ветувачки можности за зголемување на нашата плодна соработка во врска со пристапувањето на Египет во БРИКС. Сакам да нагласам дека Русија од самиот почеток искрено ја поддржува желбата на египетската страна да стане полноправна членка на оваа организација“, рече Путин и додаде дека Москва планира да одржи повеќе од 200 настани поврзани со БРИКС, како и дека очекува египетските претставници да земат активно учество во нив.

На 1 јануари Русија го презеде претседателството со БРИКС.

На почетокот на годината, покрај Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, членки на БРИКС станаа и Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Во исто време, откако Хавиер Милеј стана претседател на Аргентина, таа земја се откажа од членството во БРИКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK