Во Канада се урна хеликоптер кој превезувал скијачи, тројца Италијанци загинале

Во-Канада-се-урна-хеликоптер-кој-превезувал-скијачи-тројца-Италијанци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тројца Италијанци загинаа во падот на хеликоптер кој превезувал скијачи во Канада, а четири лица се тешко повредени, јави АНСА, повикувајќи се на извори.

Локална туристичка компанија која организира летови за скијачите во понеделникот соопшти дека најмалку три лица загинале, а неколку тешко се повредени кога хеликоптер со скијачи се урнал во близина на Терас, во канадската провинција Британска Колумбија.

Компанијата „Northern Escape Heli-Skiing“ веднаш не соопшти повеќе детали за несреќата што се случи во понеделникот, објави Вашингтон пост.

Најмалку седум лица се наоѓале во хеликоптерот, соопшти локалната волонтерска спасувачка група. Терас е град со 12.000 жители, на околу 112 километри од границата со Алјаска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK